Еден од осомничените (16) за претепувањето на Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на министерот во Владата на Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, во паркот во Вождовац е уапсен, а по другиот интензивно се трага. Осомничениот е сослушан во Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се товари за кривично дело тешко убиство, изјавија од Обвинителството за Н1.
Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство во Белград предложи, по сослушувањето, на осомничениот да му се одреди притвор.
Притвор, како што пренесува телевизијата, е предложен поради ризик од бегство, влијание врз сведоци, ризик да не го повтори делото за краток временски период и вознемирување на јавноста.
Двајца малолетници се осомничени дека неколку пати го удриле во главата Мијатовиќ, кој починал по неколку часа.
Интензивно се трага по второосомничениот.