Елмаз Бегановиќ (38) синоќа е уапсен под сомнение дека со кујнски нож го избодел својот брат Елвис Бегановиќ (37), кој од здобиените повреди починал.
Полициската управа во Црна Гора соопшти дека од Итната медицинска помош Бјелопоље околу 21:00 часот биле известени дека во оваа здравствена установа без знаци на живот е донесен маж со убодна рана во пределот на вратот.
„Преземајќи оперативни мерки, полициски службеници откриле дека се работи за Е.Б. (37) од Бијелопоље. Пред семејната куќа на Б., во Недакуси, извршен е увид, прибрани се информации од повеќе лица, а полицијата дошла до сомнеж дека Е.Б. (38) од Бијело Поље, со кујнски нож, должина на сечилото 20 см, во пределот на десната страна на вратот го удрил братот Е.Б. (37), кој починал од повредите“, се наведува во соопштението, а пренесува Вијести.