Уапсен жител на Улциљ, се сомничи дека со глисер усмртил нуркач

А.У. (28), кој живее во Улцињ, синоќа е уапсен под сомнение дека со пропелер на лисер убил нуркач А.С. (28). Тој е осомничен дека вчера управувајќи глисер го убил нуркачот од Подгорица. Осомничениот ќе биде изведен пред обвинител за понатамошна надлежност во законскиот рок.

„Постапувајќи во врска со вчерашниот настан, кога од морето во Улцињ беше извлечено безживотното тело на А.С. (28) од Подгорица, кој бил усмртен од пропелер на непознато пловило, полициските службеници од Одделението за обезбедување Улцињ го идентификувале лицето кое управувало со наведеното пловило. Станува збор за А.У. (28), со живеалиште во Улцињ. В.Д.Т во Подгорица настанот го пренел на ОДТ во Улцињ, со што делото е оквалификувано како кривично дело – тешко дело против општата безбедност во врска со кривичното дело загрозување на јавниот сообраќај“ – соопштија од полицијата.

Телото на нуркачот А.С., било извлечено од водата завчера околу 17 часот.

Резултатите од обдукцијата на телото на дваесет и осумгодишниот млад човек чиј живот трагично згасна вчера при нуркање во улцинскиот воден реон, потврди дека смртта настапила како последица на повреди здобиени од пропелер на пловен објект.