МВР информира дека денеска во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево.
Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, извршил палење на електричен кабел по што, избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.