Уапсен е Фехми Стафа, поранешен државен правобранител
Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат извори од истрагата за „360 степени“. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува за апсење на лице со иницијали Ф.С.

Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен.
Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена да ги штити имотните и други права и интереси на државата.
Во јуни 2022 година, „360 степени“ објави случај за четири семејства од Скопје кои 15 години се по судови поради незаконски спроведена денационализација, каде се појавува и Државното правобранителство на чие чело беше Стафа.
Синоќа по информациите за негово апсење, од Министерството за внатрешни работи (МВР) без повеќе детали само велат дека е уапсено лице Ф. С., а за денес најавуваат повеќе информации околу причините за неговото лишење од слобода.
Неколку медиуми пишуваат дека Стафа е осомничен за поткуп од неколку десетици илјади евра.
Фехми Стафа, кој во последниот период работеше како адвокат, е меѓу пријавените на последниот јавен оглас на Собранието за член на Судскиот совет.