Турските безбедносни сили во Сирија лишија од слобода уште еден осомничен за терористичкиот напад во Истанбул, при што беа убиени шест лица, јави турскиот телевизиски канал „А Хабер“.
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ситуацијата во Истанбул се вратила во нормала по нападот.
„Уште еден терорист, кој помогнал да се изврши нападот, е фатен во Азаз, на северниот дел од Сирија“, се наведува во извештајот на турските безбедносни сили.
Претходно, турските власти соопштија дека се уапсени неколку десетици осомничени, како и Сиријка, која се сомничи дека ја поставила бомбата.
Во експлозијата што се случи во неделата во центарот на Истанбул загинаа шестмина, а 81 лице се здобија со повреди.