Уапсен е таткото на Нејмар

Бразилскиот фудбалер Нејмар честопати е во центарот на вниманието поради работи кои не се поврзани со фудбалот, така беше пред неколку дена кога јавно и се извини на својата бремена сопруга дека ја изневерил.

Сега е на насловните страни поради неговиот татко.

Таткото на Нејмар според информациите на медиумите е уапсен во Бразил. Наводно тој бил дел од нелегални градежни активности на вила во Манаратиба.

Семејството на Нејмар поради изградба на вештачко езеро во близина на куќата ја пренасочило реката во близина така се уништиле камењата на брегот, а освен тоа штета претрпела и шумата.

По истражните дејствија таткото на фудбалерот бил пуштен на слобода со парична казна од 822.000 фунти, меѓутоа ќе остане под истрага.