Уапсен е скопјанец – полицијата кај него пронајде поголема количина дрога

При преглед кај лицето пронајдена е поголема количина марихуана и други видови на наркотични средства.

МВР информира дека вчеравечер, околу 20:00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.В.(44) од Скопје.

При преглед кај лицето пронајдена е поголема количина марихуана и други видови на наркотични средства.

Д.В. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, известија од полицијата.