Уапсен е првиот човек на фудбалот во Украина!

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко е уаспен поради финансиски малверзации.

Украинските медиуми соопштија дека првиот човек на украинскиот фудбал, Павелко завршил зад решетки. Против него е покренато обвинение за проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта.

Информациите велат дека тој добил притвор од 60 дена без можност да излезе со кауција. Сместен е во истражниот затвор во Украина.

Обвинет е и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Украина, Јуриј Записоцки.

Сето ова се случува на денот кога Украина гостува во Скопје на квалификациски меч против Македонија.