Уапсен е поранешниот српски министер Томислав Момировиќ, пуштена е потерница по ексминистерот Весиќ

Во тек е масовен обид за државен удар кој, според српскиот портал Новости, „се спроведува по налог на Европејците, а го предводат специјалниот обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал Младен Ненадиќ, јавната обвинителка Јасмина Ганиќ, како и делови од полицијата од Управата за криминалистичка полиција (УКП) и Службата за борба против организиран криминал (СБПОК).

Уапсен е поранешниот министер за внатрешна и надворешна трговија и за градежништво Томислав Момировиќ, објави Србија данас.

Во тек е масовен обид за државен удар кој, според српскиот портал Новости, „се спроведува по налог на Европејците, а го предводат специјалниот обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал Младен Ненадиќ, јавната обвинителка Јасмина Ганиќ, како и делови од полицијата од Управата за криминалистичка полиција (УКП) и Службата за борба против организиран криминал (СБПОК).

Во рамките на овој обид за удар, утрово бил уапсен поранешниот министер Томислав Момировиќ.

Повторно е издаден налог за апсење на поранешниот министер Горан Весиќ, иако веќе е обвинет.

Главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, изјави дека „со апсењето на Момировиќ започна обвинителски државен удар“, дека „повторно е издаден налог за апсење на поранешниот министер Горан Весиќ, иако тој е обвинет“ и дека „целата оваа акција ја води Обвинителството за организиран криминал“.

„Ова е напад врз Србија“

Медиумите претходно јавија дека Горан Весиќ, поранешен министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура, вчера итно бил примен во хируршка болница поради силни болки во стомакот, покачена температура, повраќање, малаксаност и дехидратација, и дека рано утрово бил опериран поради влошување на здравствената состојба.

Поранешната потпретседателка на Владата на Србија, Зорана Михајловиќ, денеска го коментираше апсењето на поранешниот министер Томислав Момировиќ и акцијата на Обвинителството за организиран криминал и СБПОК во врска со уривањето на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, оценувајќи го целиот случај како „напад врз Србија“, објави српски Блиц.

– Во тек е напад врз Србија, напад врз српскиот народ. Ова што утрово се случи со апсењето на Томислав Момировиќ и со потерницата за Горан Весиќ е најсуровиот лов на глава на претседателот Александар Вучиќ. Веќе не бираат средства, прават што сакаат – изјави Михајловиќ во живо на ТВ Информер.

„Не успеаја со шарената револуција, па сега вршат притисок врз народот“

Михајловиќ додаде дека станува збор за вршење притисок врз целиот српски народ откако не успеала шарената револуција во Србија.

– Не успеаја со обоената револуција, ниту со блокадите, не успеаја да го растурат српскиот народ. Се надевам дека ќе дознаеме што понатаму треба да правиме, ова се притисоци врз целиот српски народ – рече Михајловиќ.

Во однос на денешната седница на Советот за национална безбедност, свикана од претседателот Вучиќ, таа изјави дека „во обвинителско-судскиот систем се случуваат многу подлабоки нешта“.

– Ова е најсуровиот лов на глава на претседателот и одмазда за сè што не успеаја да постигнат во изминативе 9 месеци. Апсењето на Момировиќ е одмазда и пресметка со сите што не се на нивна страна. Ова е нивниот последен чекор со кој се обидуваат нешто да докажат и да покажат. Нема потпишан комерцијален договор… па тоа не може да биде причина за апсење – нагласи Михајловиќ.

Извор: Плусинфо