Во Бор денеска е уапсен полицаец поради сомневање дека открил детали од истрагата за исчезнатото девојче Данка Илиќ од околината на градот Бор во источна Србија.
Белградските медиуми јавуваат дека полицаецот бил приведен и дека не поминал на полиграфскиот тест.
Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено на 26 март.