Уапсен е заканувачот на Јовевски и Русковска

Заканувачот – 56-годишниот С.З од Битола кој испратил заканувачки писма до обвинителот Љубомир Јовевски и неговата колешка Вилма Русковска е уапсен. Дел од медиумите со информација дека е уапсен во Битола, дел, пак, дека е лишен од слобода во Прилеп.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“. Ова беше дел од пораката во писмото испратено до Јовевски. Неофицијално, истиот човек испратил во декември слично писмо и до Русковска со барање да ги обвини Зоран и Вице Заеви.

Испраќачот, маж на засега непозната возраст, се претставил како дел од терористичка организација, која има астрономска поддршка насекаде низ државата и која ќе се борела и ќе ги бранела до последна капка крв новинарите кои го преставуваат гласот на народот.

Обвинителот Јовески изјави дека ниту една закана, вклучувајќи ја и оваа нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите.

Писмото, на англиски и македонски јазик, беше пратено до МВР.