Уапсен е градоначалникот на Будва

Мило Божовиќ – градоначалникот на Будва денеска беше уапсен во акција на Специјалното државно обвинителство.

Засега не се соопштува за какви дела се товарат уапсените, меѓу кои и Божовиќ, но дека се работи за истрага за двe кривични дела.

Собраниската Комисија за безбедност веднаш реагираше за да се отфрли сомнежот дека функционерот Божовиќ сторил какво било кривично дело.

„Добив информација дека претресот на куќата на Мило Божовиќ е во тек и дека ќе се претресува и неговиот деловен простор, а тој е осомничен за тешки кривични дела. Специјалниот обвинител ќе мора да приложи многу докази за да ги оправда овие тврдења“, рече лидерот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ.

Портпаролот на специјалниот обвинител, Вукас Радоњиќ соопшти дека Специјалното полициско одделение со логистичка и оперативна помош на Единицата за антитероризам на полицијата презема мерки и дејствија во рамки на истраги за два кривични случаи.

„Јавноста ќе биде навремено информирана за евентуалното лишување од слобода на одредени лица и за резултатите од тековните мерки и дејствија“, рече обвинителот Радоњиќ.