Уапсен е Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на Центар

Веднаш по слетувањето, на скопскиот аеродром е уапсен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на Општина центар и бизнисмен. Тодоровиќ бил приведен за дело од поранешното СЈО во врска со изградбата на мостот ОКО.

Извор од истрагата ни потврди дека приведени се уште други десет лица. Меѓу нив и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, кој бил приведен претходно во текот на денот на граничен премин.

Приведените се сомничат за перење пари. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.

Владимир Тодоровиќ е веќе осуден со условна казна за предмет од поранешното СЈО. Тодоровиќ и неговата сопруга во август 2022 година се спогодија со Обвинителството и добија алтернативни мерки – условни казни затвор од две години, односно од шест месеци.

Сопружниците Тодоровиќ беа обвинети за давање лажен исказ и попречување на правдата за предметот „Талир“, за незаконско финансирање на ВМРО ДПМНЕ и перење пари, се кој е опфатен и Никола Груевски.