Уапсен е актуелен директор на Државен инспекторат – примал мито

Службите за борба против организиран криминал уапсија актуелен директор на државна институција. Како што неофицијално дознава Фокус, тој е фатен при барање и примање мито од 50.000 евра.

Службите за борба против организиран криминал уапсија актуелен директор на државна институција. Како што неофицијално дознава Фокус, тој е фатен при барање и примање мито од 50.000 евра.

Во тек е официјална истрага и наскоро се очекуваат информации од надлежните институции.

Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.

Според првичните информации, станува збор за директор на Државниот инспекторат за земјоделие – Васе Анакиев(41).

За акцијата потврдија и од ОЈО ГОКК.

„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“ се вели во краткото соопштение.