Уапсен десеттиот вмешан во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во Москва

Судот во Басман во Москва му одреди притвор до 22 мај на десеттото лице, државјанин на Таџикистан, вклучено во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во близина на Москва, пренесува РИА Новости.

Според информациите, станува збор за Јакубјони Јусуфзода, кој, како што соопшти Рускиот истражен комитет, неколку дена пред терористичкиот напад преку банкарска картичка му префрлил пари на соучесник „за да обезбеди сместување за терористите“.

Дел од средствата му префрлил на еден од сторителите по терористичкиот напад.