
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“.
Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија. Се работи за лице со иницијали З.Д.
Манев рече дека се чувствува засрамен, се кае дека бил изманипулиран од Палевски.