Уапсен возачот кој удри 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ и избега
Скопската полиција синоќа околу 19:30 часот го уапси скопјанецот Б. Р. (59), кој два дена претходно – на 28 октомври околу 20:30 часот – со патничко возило „фиат сеиченто“ прегази 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ во Скопје и побегна.

Девојчето со тешки телесни повреди беше пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде ѝ е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.
Полицијата по интензивна потрага го пронашла возачот и возилото, а по наредба на јавен обвинител, Б. Р. е задржан во станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.