Уапсен Албанец на „Ќафасан“, бил баран од Интерпол

На 19.06.2023 во 08.55 часот на граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишија од слобода А.П.(56) од Фиторе, Република Албанија затоа што при извршени проверки и контрола било констатирано бил баран од Интерпол.

Лицето било спроведено до ОВР Струга за натамошна постапка.