Уапсено 14-годишно девојче, им се заканувала на пријателите, го поддржувала масовниот убиец Коста Кецмановиќ

Новосадската полиција уапси девојка (14) од околината на овој град поради сомнение дека им се заканувала на учениците од основно училиште и на социјалните мрежи му давала поддршка на Коста К.(13), осомничен за масовното убиство во „Владислав. Рибникар“.

„Има сомнеж дека на социјална мрежа им се заканувала на учениците и му давала поддршка на осомничениот за убиството во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, се вели во соопштението на полицијата.

При претрес на станот во кој живее, полицијата во нејзината соба пронашла куршум од непознат калибар.

„Малолетничката, заедно со кривичната пријава е изведена пред надлежниот судија на Вишиот суд во Нови Сад, кој по рочиштето и одреди мерка притвор до 30 дена. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за кривични дела загрозување на безбедноста, предизвикување паника и неред и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи“ велат од полицијата.