Уапсени 3.500 луѓе во Русија – протестирале против војната во Украина

Над 5.000 луѓе учествуваа на забранетите протести во Москва, во Санкт Петербург и други региони на Русија, а од нив 3.500 бееа приведени. Ова денеска за агецијата „ТАСС“ го соопштила официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи – Ирина Волк.

„Во Москва демонстрираа 2.500 луѓе, приведени се 1.700. Во Санкт Петербург бројот на учесници беше приближно 1.500, од ​​кои 750 беа приведени. Во другите региони, вкупно 1.200 луѓе учествуваа на протестите за кои немаше дозвола, а 1.061 беа приведени“ рече таа.