Уапсени четворица криумчари на мигранти за вчерашните несреќи во близина на грчкиот остров Гавдос

За вчерашните три одвоени случаи со чамци со мигранти во морскиот дел во близина на грчкиот остров Гавдос за кои беа спроведени спасувачки акции и спасени над 175 мигранти, но и загинаа пет лица, уапсени се вкупно четворица криумчари.

За вчерашните три одвоени случаи со чамци со мигранти во морскиот дел во близина на грчкиот остров Гавдос за кои беа спроведени спасувачки акции и спасени над 175 мигранти, но и загинаа пет лица, уапсени се вкупно четворица криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека за чамецот што се преврти, а на кој се пренесувал непознат број на мигранти, уапсен е 19-годишен државјанин на Судан за кој спасените 39 лица, рекле дека е криумчар, а тргнале од Либија кон Грција.

Во конкретната несреќа животот го загубија пет лица, а четворица се хоспитализирани, додека пак се уште не е познат точниот број на исчезнати.

Во останатите два одвоени случаи кога беа спасени 47 и 89 бегалци и мигранти, меѓу спасените биле и криумчарите и уапсени се вкупно три лица.