Уапсени три лица за пожарите во северозападниот дел на Пелопонез

Три лица на возраст од 19, 25 и 27 години во два одвоени случаи биле уапсени под сомнение дека подметнале два од низата пожари во близина на градот Патра, во северозападниот дел на Пелопонез, каде што пожарникарите сè уште водат битка со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина.

За двајца од уапсените, според грчките медиуми постојат фотографии што ја докажуваат нивната поврзаност со еден од пожарите, а 19-годишниот веќе ја признал вината и учеството во потпалувањето заедно со 27-годишниот во близина на Патра во вторникот вечерта.

Вчера попладне грчката полиција во областа Ахаија уапсила 25-годишен, кој исто така се товари за подметнување пожар.

Во конкретниот регион, во северозападниот дел на Пелопонез огнените јазици што сè уште не се ставени под контрола, изгореа површина од околу 1.000 хектари.