Уапсени српски младинци во Косовска Митровица

Најмалку тројца млади од српска националност се уапсени околу полноќ во северниот дел на Косовска Митровица, соопшти претседателот на Српска демократија, Александар Арсенијевиќ. Тој објави дека полицијата употребила сила при апсењето на тројцата српски младинци.

– Околу полноќ полицијата повеќе од 10 минути тепала три млади момчиња од српска националност во близина на пицеријата Мрвица. Кога се слушнал лелек, г. Лекиќ излегол од таверната Бишевац и сето тоа го снимил, а полицијата брутално го привела заедно со други лица. Моментално се во полициската станица во Северна Митровица. Ќе ја потсетам полицијата дека не смее да апси и да ги одзема телефоните на граѓаните кои снимаат на јавни површини – напиша Арсенијевиќ на Фејсбук.

И полицијата го потврди апсењето на четири лица, но не соопштува детали.