Поранешниот фудбалер, Ерсен Сали се предал на полицијата по што попладнево бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му доделил куќен притвор, иако обвинителство барало тој да биде спроведен во Шутка.
Сали е еден од осомничените по кои се трагаше со централна потерница за упадот во М-НАВ на 4 јануари.
Сали, како што претходно објави Телма, е лицето кое го нападнал контролорот на летање Премптим Бериша и го удрил по главата, во пределот на увото.
Сали во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, но Апелација истата година во ноември ја преиначува пресудата дека тој нема да оди во затвор, доколку не направи кривично дело во наредни 3 години.
Сите останатите осомничени за инцидентот во македонски навигации кои се достапни за органите на прогон исто така се во куќен притвор.