Уапсени се тројца македонски државјани на Миконос поради трговија со дрога

Тројца државјани на Македонија, двајца мажи на возраст од 34 и 35 години и 21-годишна девојка, завчера биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога.

Тамошната полиција соопшти дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.

Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога.

Освен дрогата, грчката полиција кај уапсените пронашла и запленила три мобилни телефони, 2.370 евра, како и мотор со кој ја пренесувале дрогата.