ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б.(32) и Љ.С.(48), двајцата од Кочани поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Според полициските информации, вчера во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А.(54) од Кочани.
Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.
Притоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети.
Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување.