Уапсени две лица кои пукале со пиштол на семејна веселба

Вчера околу 09:30 часот во село Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишија од слобода М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од село Лажани, информираа од МВР.

Вчера околу 09:30 часот во село Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишија од слобода М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од село Лажани, информираа од МВР.

Како што појаснуваат оттаму, М.С. со возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес“ со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. Притоа, од М.С. се одземени гасен пиштол „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар од 9мм, додека од Б.С. се одземени гасен пиштол „Walther“ со 12 куршуми калибар 9мм.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.