Уапсена е Јулијана Ѓорѓиевска (27) која не дозволи од АХВ да ги земат кравите кај Крива Паланка

МВР денеска информираше дека вчера утрината во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, поради сомнение дека спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија.

Како што соопштија од МВР, службените лица од Агенцијата постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни – крави.

Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Инаку Јулијана Ѓорѓиевска вчера тврдеше дека ги напасувала кравите сопственост на нејзиниот татко и дека при акцијата животните биле оттурнувани кон патните правци, што, според неа, предизвикало паника и ризик за јавната безбедност.