Уапсена е Србинка поради сомнение дека дрогирала 4-годишно девојче

Полицијата во Белград уапсила 43-годишна мајка поради сомнение дека од крајот на февруари до почетокот на март со седативи си ја дрогирала четиригодишната ќерка, пишува српскиот Блиц.

Докторите ја откриле во здравствената установа „Институт за мајка и дете“ откако состојбата на девојчето им станала сомнителна, а крвните анализи покажале дека девојчето има високо ниво на траги од седатив во крвта. Мајката и детето биле примени во Институтот пред 10 дена.

– Детето по приемот беше неразвиено, а некои знаци покажуваа дека родителите го занемаруваат. Девојчето, кое со мајка му го примија во одделението, продолжи да биде зашеметено. Постои сомнеж дека мајката и во болница ги дробела седативите и му ги ставала на девојчето во сокот – рекол извор запознаен со случајот.

Во просториите на Третото основно јавно обвинителство во Белград, во присуство на адвокат, мајката била испрашувана под сомнение за извршување кривично дело „семејно насилство“ во периодот од 29 февруари до 8 март 2024 година.

Третото основно јавно обвинителство во Белград предложи Третиот основен суд во Белград да ѝ одреди притвор од 30 дена на осомничената, а судот донесе одлука за нејзин притвор.