Туск: Руски брод од „флотата во сенка“ изведува сомнителни маневри во Балтичко Море

„Руски брод од ’флотата во сенка’ опфатена со санкции изврши сомнителни маневри во близина на електричниот кабел што ги поврзува Полска и Шведска. По ефикасната интервенција на нашата војска, бродот отплови кон едно од руските пристаништа“, наведе Туск на платформата X.

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека руски брод од „флотата во сенка“ што е под санкции на ЕУ изведува „сомнителни маневри“ во близина на електричниот кабел што ги поврзува Полска и Шведска.

„Руски брод од ’флотата во сенка’ опфатена со санкции изврши сомнителни маневри во близина на електричниот кабел што ги поврзува Полска и Шведска. По ефикасната интервенција на нашата војска, бродот отплови кон едно од руските пристаништа“, наведе Туск на платформата X.

Полскиот воен брод „Хевелиуш“ плови кон местото на инцидентот, додаде тој.

„Флотата во сенка“ се состои од стари, дотраени бродови што пловат под знамињата на трети земји, претежно африкански, а кои Русија ги користи за да ги заобиколи санкциите, наведува полската агенција ПАП.

Овие бродови продаваат руска нафта по цени над утврдената граница, обично без осигурување, што значи дека нема одговорност во случај на еколошка катастрофа.

ЕУ и Велика Британија вчера објавија нови санкции против Русија, што ќе вклучуваат неколку бродови од „флотата во сенка“.