Туск: Обесштетувањето за жртвите од нацистичката окупација на Полска ќе се исплати во рок од „месеци“
Наскоро ќе почне да се исплаќа отштетата од Германија, што ја најави канцеларот Олаф Шолц, за жртвите од нацистичката окупација на Полска во Втората светска војна, објави полскиот премиер Доналд Туск, јави ДПА.
-Ова не е прашање на години, туку на месеци, рече Туск по меѓувладините консултации со министрите од двете земји во Варшава.
Шолц вети компензација за речиси 40.000 жртви од германската окупација на Полска кои се уште се живи. Тој не кажа колкава сума ќе биде исплатена.
Туск ја опиша изјавата на Шолц како чекор во вистинската насока.