Вицепремиерката на Украина – Ирина Верешчук вели дека Турција се согласила да посредува во разговорите за евакуација на борците, главно тешко повредени, од фабриката „Азовстал“ во Мариупол
Според неа, Украина им доделила мандат за водење преговори за евакуација на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) и Обединетите нации.
„Сакаме да се потпише документ: точно како ќе се случи евакуацијата од Азовстал и се подготвуваме да го потпишеме“ – се вели во соопштението на Верешчук.
Таа додава дека на прво место се става „евакуацијата на тешко повредените“ и дека Турција е подготвена да посредува во тие разговори.
На 16. април, портпаролот на руското Министерство за одбрана -Игор Конашенков изјави дека „целата област на Мариупол била исчистена од украинската армија, странските платеници и од Азовскиот полк.