Приоритетна задача на официјална Анкара е да посредува Москва и Киев да постигнат мировен договор, Задачата на Турција е да организира средба меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави Ибрахим Калин – портпарол на турскиот претседател.
„Мировен договор е можен. Сега се поставува прашањето кога и како тоа ќе се постигне. Една од клучните задачи што Турција си ги постави е да организира средба меѓу Путин и Зеленски“ – изјави Калин во интервју за „Ал Џезира“.
Според него отворени се канали за комуникација од двете страни.
„Тоа е многу важно и нашите напори се насочени кон организирање директна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател“ вели тој.