
Турција: Уапсени тројца опозициски градоначалници
Тројца опозициски градоначалници се уапсени рано утрово во Турција, објавија локалните медиуми. Апсењата се вршат како дел од истрагата за наводни обвиненија за организиран криминал.
Тројца опозициски градоначалници се уапсени рано утрово во Турција, објавија локалните медиуми.
Апсењата се вршат како дел од истрагата за наводни обвиненија за организиран криминал.
Меѓу уапсените се градоначалниците на Адана, во јужна Турција, и Адијаман, на југоисток од земјата, пренесува државната новинска агенција Анадолија.
Градоначалникот на туристичкиот град Анталија, исто така, е приведен, објавија медиумите.