Осум турски полицајци се повредени денеска во провинцијата Дијарбекир, кога автомобил-бомба експлодирал на автопат додека минувал нивниот минибус, соопштија безбедносни извори.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу изјави дека две лица се приведени и дека се верува дека тие се одговорни за експлозијата, пренесува Ројтерс.
„Во 05:10 часот утринава дошло до експлозија во паркирано возило, во моментот кога минувало полициско возило со кое се превезувале работници на работа во Дијарбекир“, изјави турскиот министер.
Канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир соопшти дека во експлозијата нема сериозно повредени, но девет лица кои се наоѓале во блиндираниот минибус се пренесени во болница на подетални прегледи.
Експлозијата се случила на околу 10 километри јужно од центарот на Дијарбакир, најголемиот град во регионот, рекоа извори.
Сè уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата, а курдски, левичарски и исламистички милитанти во минатото извршиле бомбашки напади во Турција, јавува Ројтерс.
Во најголемиот турски град Истанбул, минатиот месец бомба загинаа шест лица, а десетици други беа повредени.
Турција ги обвини курдските милитанти за експлозијата, а неколку лица, вклучително и сириски државјанин, беа приведени како осомничени, но ниту една организација не ја презеде одговорноста за овој напад.
Курдистанската работничка партија (ПКК) и курдската милиција во Сирија (СДФ) негираа вмешаност во овој инцидент, наведува британската агенција.