Турција од 1 јануари воведува наплата на туристичка такса за туристите

Турција од следната година ќе воведе наплата на туристичка такса за туристите.

Во Службен весник на Република Турција е објавена општата изјава за примената на данокот за престој, подготвена од Министерството за трезор и финансии.

Предметот на таксата за престој вклучува услуги за ноќевање во сместувачки капацитети,како и сите други услуги што се нудат во сместувачкиот објект како што се услуги за пијалаци, активности,и др.

Обезбедувањето услуги за ноќевање во објекти како што се велнес и забавни центри нема да влијае на оданочувањето. Статусот на државјанство или престој на корисникот на услугата нема да се земе предвид при примена на данокот за престој.

Во ова не се вклучени услугите на свадби, коктели, состаноци, конгреси, симпозиуми и слични организации кои се нудат независно од услугата за ноќевање.

ДДВ нема да биде вклучен во даночната основа за престој, а утврдената стапка на данок на престој е два отсто. Одлуката стапува на сила на 1 јануари 2023 година.