Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган вели дека не е можно Турција, членка на НАТО, да ги поддржи плановите на Шведска и Финска за пристапување кон Алијансата, затоа што, според него, нордиските земји се „дом на многу терористички организации“.
„Ги следиме развојот на настаните за Шведска и Финска, но немаме позитивни ставови. Грешка е што Грција била прифатена како членка на НАТО во минатото“ рече Ердоган.
Турција влезе во НАТО пред 70 години и оттаму сметаат дека секоја одлука за проширување мора да биде донесена со едногласна поддршка од сите земји членки.
„Како Турција, ние не сакаме да повторуваме слични грешки. Покрај тоа, скандинавските земји се дом на терористички организации, Во некои земји има дури и пратеници. Не е можно тоа да го поддржиме“ – рече Ердоган.