Драматично започна натпреварот Турција – Австрија, но никој не очекуваше дека по само 57 секунди игра Турција ќе дојде до предност над Австрија. Демирал испиша историја со првиот гол, а потоа по слично сценарио и после корнерот на Арда Ѓулер во 59-тата минута зголеми на 2-0.
Австрија веднаш врати со офанзива, веднаш две шанси, но не успеа да се пробие до голот на Турција. И кога се чинеше дека овој меч ќе биде отворен до крај, и дека ќе има многу „рафални напади“, сепак, потоа мечот мина мирно, главно на средината на теренот.
Одличен фудбал се играше и во второто полувреме и покрај неколку груби прекршоци на средината на теренот. Турците немаа намера да дозволат Австријците да дојдат до голот. Австрија тргна во напад, Михаел Грегорич ја „закачи“ топката и намали на 1-2, носејќи возбуда и драма за остатокот од мечот.
Австријците беа решени да бркаат израмнување и да одат на продолженија, со оглед дека никогаш не стасале до четвртфиналето. Пред самиот крај на натпрварот голманот Мерт спаси сигурен гол со што Австрија ќе го добиеше посакуваното израмнување и одење во продолженија.
Дополнителните 4 минути, беа пеколни за Австрија. Турција не дозволуваше доближување до голот, а Јилмаз не искористи две сигурни шанси за гол.
Турција вторпат е во четвртфиналето по драматичниот крај.
Во четвртфиналето Турција ќе се соочи со Холандија, мечот се игра во сабота.
Ова се сите четвртфинални дуели на ЕУРО 2024:
5. јули 18:00: ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА
5. јули 21:00: ПОРТУГАЛИЈА – ФРАНЦИЈА
6. јули 18:00: АНГЛИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
6. јули 21:00: ХОЛАНДИЈА – ТУРЦИЈА