Турција до април ја посетиле 10,59 милиони странски туристи
Турција во првите четири месеци од годинава ја посетиле 10,59 милиони странски туристи, што е за 0,6 проценти помалку во споредба со истиот период лани, соопшти турското Министерство за култура и туризам.

Сепак, раст од осум проценти се бележи во април, кога во земјата дошле 3,9 милиони странски туристи.
Истанбул, најголемиот град во Турција и водечка туристичка дестинација, угостил 50,4 проценти од вкупниот број странски посетители, или речиси 5,34 милиони луѓе.
По него се медитеранското туристичко летувалиште Анталија и Едрене во северозападна Турција, во близина на границата со Бугарија и Грција.
Во однос на националноста на странските туристи, Германците се први со 10,8 проценти удел во вкупниот број, по што следуваат Русите и Иранците.