Турција апси новинари за известувања за земјотресот

Независниот новинар Кочер е еден од оние кои се под прогон.Објавувал приказни за преживеани кои со денови не добиле никаква помош. Ердоган претседателот на Турција испрати порака дека кривично ќе одговараат сите оние кои што шират лажни вести.

Турските власти го прават прогонот врз основа на контроверзен закон донесен пред неколку месеци со кои се криминализира јавното ширење на дезинформации

Независниот новинар Мир Али Кочер беше на околу 320 километри од епицентарот на разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари годинава. Земајќи ја камерата и микрофонот, тој се упати во погодениот регион за да ги интервјуира преживеаните.

На Твитер Кочер сподели приказни за преживеани и спасувачи, а сега е под истрага на турските власти поради сомнение за ширење „лажни вести“ и се соочува со затворска казна до три години, пишува „Би-би-си“.

Организациите за слобода на медиумите, пак, тврдат дека десетици други биле приведени, малтретирани и спречени да известуваат за земјотресите од кои во Турција и Сирија загинаа најмалку 50 00 луѓе.

Во приказната што ја пренесува „Би-би-си“ за новинарот Кочер, наведува дека тој е Курд и пишува за проопозициски медиуми.

Ноќта на земјотресот, бил на својот балкон во градот Дијарбекир кога неговите две кучина почнале да лаат одеднаш. Истото, се присетува тој, беше и неколку секунди пред помалиот земјотрес што беше регистриран таму во 2020 година.

„Почувствував дека се тресам. Почувствував како се тресе куќата, како се тресе телевизорот“,- вели Кочер

Се скрил под масата со кучињата, а потоа излегол надвор. Од Дијабекир, град кој беше исто така беше погоден со земјотресот, се упатил кон Газиантеп каде имаше најмалку 3 000 жртви.

Бил шокиран од сцените што ги видел надвор.

„Кога го држев микрофонот, зад или пред камерата, не можев да ги задржам солзите“,- вели новинарот.

Нивните приказни тој ги сподели на Твитер, но сподели и приказни за преживеани кои се жалат дека со денови не добивале никаква помош. Слични написи можеа да се прочитаат и во проопозициските медиуми.

При посетата на погодените региони, Ердоган им рече на луѓето дека ќе им ги обнови градовите.Оние кои што шират лажни вести ги нарече „провокатори“.

Додека Кочер бил на терен и известувал, „честитка“ од полицијата го пречекала на прагот од неговиот дом. Полицијата во Дијабакир, како што тврди, му оставила белешка дома во која му наложила да ја посети полициската станица и да даде изјава.

Во станица му кажале дека е под истрага според неодамна воведениот закон за дезинформации. Како што тврди новинарот, во распитот бил прашувал за неговото известување и бил обвинет дека ширел лажни информации.

Контроверзниот закон во Турција беше усвоен во октомври лани и со него се криминализира јавното ширење дезинформации и ѝ се даваат на државата широки овластувања да ги контролира сајтовите за вести и социјалните медиуми. Венецијанската комисија, пак, го критикуваше законот бидејќи ќе значи мешање во слободата на изразување.