Неколкумина турски државјани се приведени откако ноќеска натепале скопјанец на паркинг на Бит Пазар во Скопје, соопшти МВР.
– На 07.06.2024 во 02.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ч.Ј.(21), Д.Н.К.(21), Е.К.(23), О.А.Х.(26) и Ч.М.(24), сите од Република Турција, со привремен престој во Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар физички го нападнале А.А.(31) од Скопје, се наведува во соопштението.
Тие биле задржани во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.