
Во хотел во близина на Бит Пазар, вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 07:37 часот бил пронајден починат 44-годишен маж, државјанин на Република Турција.
Оттаму додадоа дека од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, информираа од полицијата.