Турскиот парламент усвои резолуција со која се осудуваат дејствијата на Израел и владата на Нетанјаху
Турскиот Парламент едногласно усвои резолуција со која се осудуваат дејствијата на Израел и Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи ги за намерно дестабилизирање на регионот, објави ТРТ Хабер.

Во резолуцијата се наведува дека „преку систематското угнетување и дискриминација врз палестинскиот народ, израелската војска и влада извршиле злосторство против човештвото“, а исто така нагласува дека нападот на Израел врз Иран е „провокација против меѓународната соработка и дипломатија“.
„Континуираните напади на израелската армија во Сирија, Либан, Јемен и Газа се одраз на желбата на владата на Нетанјаху да поттикне регионален конфликт“, се наведува во резолуцијата и се додава дека турскиот Парламент ја потврдува својата позиција против воените дејствија на израелската армија и ја повикува меѓународната заедница да преземе „решителни мерки за одвраќање на Израел“.