Терористичкиот напад во Истанбул кој се случи вчера однесе 6 животи.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу се обрати пред медиумите.
„Ја добивме пораката што ни беше испратена, знаеме која е пораката. Не прифаќаме сочувство од Амбасадата на САД“ – рече министерот за внатрешни работи на Турција во денешното обраќање до медиумите.
„Одговорот на тероризмот ќе биде многу силен“ рече тој и додаде дека доколку бомбашот не беше фатен, таа ќе беше префрлена во Грција и егзекутирана за да се спречи нејзиното апсење и истрагата за нападот.
Министерот Сојлу рече:
„По инцидентот беше многу јасна инструкцијата на терористичката организација да се убие терористот. Планот беше да не спречи да ја разоткриеме целата мрежа“.
„Вакви терористички инциденти во Истанбул не сме виделе 6 години. Само оваа година спречивме 200 терористички инциденти, но лицето на тероризмот е толку сурово. Блокирате 200, еден од нив експлодира и ве боли сите“ – рече Сојлу, кој денеска го посети местото на нападот и им оддаде почит на жртвите.