Турската полиција уапси 62 лица под сомнение за измами со гатање

Турската полиција уапси вкупно 62 лица осомничени за поврзаност со мрежа на измамници кои се претставувале како гатачи и медиуми, јавија локалните медиуми.

Турската полиција уапси вкупно 62 лица осомничени за поврзаност со мрежа на измамници кои се претставувале како гатачи и медиуми, јавија локалните медиуми.

Групата е обвинета за измама и изнуда на клиенти преку интернет.

Во истовремени операции спроведени во 29 окрузи, 62 лица се задржани за вршење измама со искористување на религиозните чувства на граѓаните преку платформи на социјалните мрежи, пишува турското издание „Хуриет тудеј“.

При извршените претреси на адресите се запленети 2 ПОС уреди, 62 мобилни телефони, 73 СИМ-картички, 2 ССД-картички, 3 лаптопи, 4 десктоп компјутери и голем број документи, визуелни и дигитални материјали.

Локалниот дневен весник „Сабах“ јави дека жртви на групата биле стотици луѓе.

Гатањето е широко распространето во Турција, а властите редовно ги предупредуваат граѓаните за измами. Локалните медиуми исто така потсетуваат дека во јули две популарни интернет страници за гатачи беа истражувани за измама и нивниот основач беше уапсен.