Турската полиција се поднови со над 20 автомобили.
Се работи за возила конфискувани во операции против криминални групации, објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.
„Како резултат на успешните операции спроведени од страна на полицијата во Истанбул против организирани криминални групи, запленети се 23 автомобили. Со судска одлука потоа, овие автомобили се предадени на полицијата. Отсега ѝ стојат на располагање на нашата полиција во служба на нашата нација“, напиша Јерликаја на „Х“.
Како што пренесува Агенција Анадолија, меѓу одземените возила има и неколку луксузни автомобили – „Мерцедес-Бенц“ од средна и висока класа, „Порше“, „Ферари“, „Бентли“.
Göreve geldiğimiz ilk günden itibaren bizden hep şu sözü duydunuz: Türkiye’nin Huzuru…
İstanbul Emniyet Müdürlüğümüzün organize suç örgütlerine karşı gerçekleştirdiği başarılı operasyonlar sonucu 23 araç ele geçirilmişti.
Mahkeme kararınca da bu araçlar emniyetimize verildi.… pic.twitter.com/mzBtgp5EgU— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) December 26, 2023