„Туркиш ерлајнс“ ќе гради најголем товарен терминал во светот

Турскиот национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) е една од најголемите авиокомпании во светот најави дека на лето ќе изгради најголем карго терминал и угостителски објект во светот. Инвестицијата ќе чини 100 милијарди турски лири (приближно две милијарди евра)

Турскиот национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) е една од најголемите авиокомпании во светот најави дека на лето ќе изгради најголем карго терминал и угостителски објект во светот. Инвестицијата ќе чини 100 милијарди турски лири (приближно две милијарди евра).

Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни места.

Но, „Туркиш ерлајнс“ не наведе на која локација ќе биде изграден карго терминалот и ресторанот.

Седиштето на „Туркиш ерлајнс“, која е една од најголемите авиокомпании во светот, е во Истанбул. Турскиот авиопревозник поседува 514 авиони и превезува повеќе од 85 милиони патници и два милиони тони товар годишно.