Стјепан Месиќ (Хрватска), Богиќ Богиќевиќ (Би) и Васил Тупурковски (Македонија) – тројца членови на екс-Претседателството на СФРЈ со „Апел за спас на БиХ“.
Хрватски „Јутарњи лист“ пишува дека тројцата поранешни високи функционери планираат да го испратат документот до клучните инстанци во и надвор од БиХ каде се одлучува за земјата, но ќе го упатат и до „сите засегнати“, како и до пошироката јавност.
Неделникот „Национал“, пак, пишува дека Месиќ, Богиќевиќ и Тупурковски во својот апел заговараат сосема спротивно решение за БиХ од етничките концепти на Република Српска и ХДЗ БиХ, кои ги поддржуваат властите од Белград и Загреб.
На прашање како објаснува дека во бошњачките кругови се тврди дека премиерот Андреј Пленковиќ и ХДЗ се далеку подобронамерни кон БиХ од претседателот Зоран Милановиќ, Месиќ вели:
„Но, знаете што, добив порака од таткото на Пленковиќ во која напиша дека јас се среќавам со Милановиќ, а зошто не комуницирам и со неговиот син. Но, Пленковиќ никогаш не ме покани да разговараме или да се видиме“ – изјавил Месиќ.