Тупанчески му ги предаде акредитивните писма на Вучиќ, стана шестиот македонски амбасадор во Белград

Новоименуваниот вонреден и ополномошен амбасадор на Македонија во Белград, проф. д-р Никола Тупанчески денеска на српскиот претседател Александар Вучиќ, на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма.

– Предавањето на акредитивните писма на претседалот на Србија, Александар Вучиќ, преставува формално отпочнување на можноста соработката меѓу овие две држави да биде подобрена и истоврмено да се надгради.

Ова е вистински момент и во своите тези што ги бранев пред македонското собрание напоменав дека се работи за период што има ренесансен карактер и кој во иднина треба да преставува иницијална каписла во остварувањето на сите замислени можности и форми за соработка, изјави амбасадорот Тупанчески.

Тој со предавањето на акредитивните писма, по пауза од седум годиник, стана шестиот македонски амбасадор во Србија.